The best web hosting reviews updated with new hosting providers. HostGator Reviews ratings and coupon codes.

За VIlla Bella

Печати

Villa Bella е фамилијарно воден хотел и ресторан кој се наоѓа во предградието на градот Кавадарци во месноста Моклиште, Ваташа.

Новоизграден во 2012 година, овој класичен Boutique хотел е поставен помеѓу безвременски пејзажи и живописна околина на природна убавина.

Реката Луда Мара" протекува на задниот дел на хотелот обезбедувајќи извонредна капка мир и релаксација за сите оние кои сакаат да избегаат од секојдневниот живот во идилична, а сепак трепелива локација. Посетете не и релаксирајте се во нашиот надворешен базен кој се наоѓа во рамките на градината каде што можете да уживате бескрајно во топлите сончеви денови.

 

About us 1About us 2

Ние во Villa Bella ја знаеме важноста за тоа колку е потребно да имате забавен и опуштен одмор и поради оваа причина ве уверуваме дека Вашиот престој кај нас ќе биде еден од незаборавните. Ние сме на Ваше располагање во секое време да ви помогнеме со вашите барања за да можете да се почувствувате како дома.

Зошто да не го посетите нашиот спа објект (џакузи и соба за масажа) да ја освежите Вашата душа и да се релаксирате. Нашите третмани се достапни на Ваше барање и се совршен начин да се одморите.

Од друга страна, ако имате желба и чувство за авантура и сакате да видите повеќе од убавините кои што ги нуди Македонија ние организираме туристички тури кои ќе одговараат на сите Ваши потреби, започнувајќи од дегустација на вино, до посета на Скопје или Охридското Езеро и многу други возбудливи места кои што ги кријат природните убавините на Македонија.

 

About us 3

About us 4

Villa Bella е идеална локација за вашиот настан, без разлика дали тоа е свадба, роденден или некој друг настан или веселба.

Во Villa Bella организираме дегустации на вина, но исто така можеме да организираме и посети и дегустации во винарските визби во Тиквешкиот регион.

Можеме да понудиме угостителски услуги, музика во живо и простор за 26 лица во нашите 8 соби.

Без разлика дали вашиот престој е бизнис или задоволство Villa Bella ќе ви обезбеди совршена можност да доживеете нешто различно и уникатно.

    

Copyright © 2017 Villa Bella. Сите права се заштитени.
Развиено од Зоран Милевски